Ресторан

Лоциран на Качанички пат бб, на патот за Косово, ресторанот Актива е во склоп на комплексот на Еуро Актива (бензиска пумпа, маркет и ресторан). Овој ресторан функционира на два ката, а поседува и летна градина со детско катче. Доколку го посетите првиот кат на овој ресторан, тогаш вие сакате опуштени деловни ручеци или пак романтична вечера во прекрасниот невообичаен модернистички амбиент, каде ќе доживеете мигови на опуштена и мошне пријатна атмосфера, збогатена со звуците на интернационална музика. Вториот кат е ексклузивен дел во кој во вечерните часови се организираат коктели, приеми и гала вечери за специјални гости, кои можат да уживаат во заносните звуци на пијаното, додека го гледаат зајдисонцето.

Со вашето прво зачекорување во ресторанот ќе ве пречекаат ведрите лица на персоналот кој ќе ве води во светот на најразновидни јадења од македонското и интернационалното мени на Актива. Мајсторите на гастрономијата за вас ќе ги спремат специјалитетите на Актива, кои ќе следат по фантастичните предјадења, а за пријатното расположение ќе придонесат и висококвалитетните вина. Од ресторанот ќе си заминете задоволни од беспрекорната услуга и пријатниот амбиент, и со нетрпение ќе го очекувате моментот кога повторно ќе се вратите овде.

Ве очекуваме секој ден од 8 до 24, и ве покануваме на посебно доживување во петок и сабота кога во вечерните часови ќе ве забавува Миранда Ашани.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани