Класификација на гуми според употребаГумите се класифицираат во неколку стандардни типови, во зависност од типот на возилото за кое се наменети. Уште на почетокот на производството, суровините, и опремата варираат во зависност од типот на гумата, и вообичаено е за фабриките да се специјализираат за повеќе од една гума.
Патнички и леснотоварни камионски гумиГуми со високи перформанси Гуми за кал и снег Овие гуми, (или M+S, или M&S), се класифицирани како зимски гуми дизајнирани за употреба при временски услови со пониски температури. Состојката користена за браздите е помека од онаа за повисоки температури, штп овозможува подобри перформанси на гумата на мраз и снег, но се троши многу побргу на повисоки температури. Некои зимски гуми се дизајнирани да подржуваат инсталација на метални додатоци за подобрување на влечната сила на заледени патишта. Гумите за кал се специјализирани гуми со големи бразди, дизајнирани да можат полесно да навлегуваат во калливите површини. За сите временски услови Теренски
Гуми за инженерски возила (OTR)Овие гуми опслужуваат инженерски возила за најразлиќни намени. OTR гумите можат да бидат или bias или радијани иако во индустријата најчесто се користат радијалните гуми. Bias OTR гумите содржат голем број на армирачки делови, кои овозможуваат гумата да издржи и најсурови услови како и големи товари.
Земјоделски гумиКласификацијата на земјоделските гуми опфаќа гуми за фармерски возила, најчесто тракторски гуми и гуми за специјализирани возила за орање, жнеење и собирање плодови. Високо флотирачките гуми се употребуваат во мочуришни средини и оставаат големи траги и при ниски притисоци.
Индустриски гумиИндустриските гуми освен што опфаќаат и некои веќе наведени гуми, ги опфаќаат и пнеуматските и непнеуматските гуми за специјални индустриски и конструкциони машини и камиони. |


