Сертификат за квалитетСинедор групацијата има имплентирано добро организиран Систем за Квалитет, адаптиран за потребите на модерното производство на челик, сертифициран според ISO 9001:2000 стандардот, кој гарантира највисок стандард на работење во производството и задоволување на посебните потреби на потрошувачите. Квалитетот на производите од челик е контролиран во сите фази на производството од одделот за Контрола на Квалитет преку најригорозни регулативи. Контролата подразбира многубројни хемиски анализи, металографски тестови, мерење на геометриските карактеристики и механички тестови кои се изведуваат во целосно опремена лабораторија за контрола на квалитетот. Иновација во контролата на квалитетот е и детекцијата и следењето на радиоактивноста, како кај суровините, така и по добивањето на финалниот продукт, што претставува новина дури и за Европските стандарди, а овозможува производство на сигурни нерадиоактивни производи. |