Битуменска шиндра

Битуменска шиндра
Битуменска шиндра
Битуменска шиндра

СВОЈСТВА
Битуменската шиндра е погодна за покривање на произволно оформени покривни површини. Се произведува врз база на специјална облагородена битуменска маса армирана со стаклен воал. Од горната страна шиндрата е посипана со дробен шкрилец во различни бои. Долната страна е заштитена со кварцен песок.

СВОЈСТВА
• постојана е и отпорна на екстремно ниски и високи температури
• постојана е во загадени и агресивни индустриски средини
• лесно се свива и едноставно се крои
• поседува висок степен на огноотпорност
• полесна е 4-8 пати од кој било материјал за покриви

УПОТРЕБА
Битуменската шиндра се употребува за покривање на сите видови коси покриви со косина помеѓу 10о и 85о. Погодна е за покривање на произволно оформени покривни површини, односно со исти елементи се покриваат рамни покривни површини, била, гребени, опшивки и вдлабнатини. Шиндрата овозможува лесно монтирање на лимот за опшивање на покривните завршетоци, опшивање на оџаците, вентилаторските цевки и сл.

ВГРАДУВАЊЕ
Покривањето со битуменска шиндра зависи од видот на подлогата и косината на покривот. Најсоодветна подлога за шиндрата е подлогата од штици или водоотпорна иверица. Шиндрата се реди од окапницата кон билото. Првиот ред на окапницата е двослоен. Долниот слој се реди со засеците свртени кон билото и се прицврстува со шајки на оддалеченост 10-15 см. од работ на окапницата. Првото парче шиндра од горниот слој се сече, се скратува за 1/6 од должината, со што добиваме поместување на засеците. Поместениот горен слој се реди со засеците свртени кон окапницата. Двата слоја меѓусебно ги слепуваме со битуменско лепило - БИМИЗОЛ. Понатаму, вградувањето на другите редови шиндра се врши низ целата покривна површина кон билото, на тој начин што по секој ред отпочнат со скратено парче доаѓа ред со цело парче шиндра. Шајките се коваат на оддалеченост од 2 см над секој засек, а на крајните парчиња 2 см од работ на покривот. Снегозаштитниците (коишто не се потребни кај покриви со мала косина) се поставуваат уште при вградувањето на шиндрата во определен геометриски распоред (приближно еден на м2), а громобранските држачи и вентилациските капи дополнително се вградуваат, ако има потреба од нив.

АТЕСТИРАЊЕ
Производот е атестиран од овластена институција.

СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Се складира во оригинална амбалажа во суви и покриени простории.

 

тех.податоци

правоаголна

шестаголна

ќерамида

саќе

Должина х ширина (см)

99х33

99х33

99х33

99х29,5

Видлив дел (см)

13

13

13

9,5

Тежина (кг/м2)

11

8,7

10

13

Бр. парчиња/ м2

7,6

7,6

7,6

10,6

м2 во пакет

3,15

3,15

3,15

2,2

Бр. пакети на палета

12

12

12

12

 



Битуменска шиндра

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани