Покле

Бикутоп

СВОЈСТВА
Покле е производ од програмата "Битуменизиран покривен картон" и всушност е суров картон импрегниран со битумен, од двете страни обложен со битуменска маса и заштитен со погоден минерален материјал (песок). Служи за изолација од вода и влага.

ПРИМЕНА
Покривната лепенка "ПОКЛЕ" поради едноставниот начин на вградување, има широка примена и тоа за:
• привремена заштита на објекти, материјали и сл. од атмосферски талози,
• заштита на привремени објекти, отворени складишта, настрешници, шупи, бараки
• заштита на термоизолација, посебно на покриви, кога ќе се постави под битуменска шиндра, ќерамиди и сл.
• како меѓуслој при изведување на вертикални и хоризонтални хидроизолации.

ВГРАДУВАЊЕ
Се вградува со слободно положување или со лепење со врела битуменска маса (на бетонска и сл. подлога). На дрвена подлога се вградува со ковење (шајки со широка глава) на првиот слој, а вториот слој се лепи со врела битуменска маса за првиот.

АТЕСТИРАЊЕ
Производот е атестиран од овластена институција.

СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Се складира и транспортира во исправена положба во покриена просторија или возило.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани