Бимпласт

Бикутоп
СВОЈСТВА
Бимпласт е хидроизолациска лента за заварување на база битумен, полимер, полнила и влошка (стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц ). По барање на нарачателот се произведува без полимер и носи ознака К. Од двете страни лентата е обложена со полиетиленска фолија, а по барање на купувачот може да биде посипана со ситен минерален посип или во комбинација.Бимпластот е хидроизолациска лента со голем дијапазон на стабилност од ниски до високи температури, спаѓа во редот на поквалитетните ленти за хидроизолација. Хидроизолацискиот систем дава стабилност, трајност, едноставност за примена и добра приспособливост.

ПРИМЕНА
Бимпластот се применува за изведување на повеќеслојни хидроизолациски системи на покрив или под земја, во два или повеќе слоја, самостојно или во комбинација со други хидроизолациски ленти. Се применува на секакви видови подлоги (бетон, челик, дрво и сл.)

ВГРАДУВАЊЕ
Се вградува со заварување (со пропан бутан) или со лепење со врела битуменска маса. При вградување се става преклоп од 10 см. Подлогата на која се вградува мора да биде сува, чиста и обеспрашена, премачкана со основен премаз (Битулит-Б-1). Кога се поставува втората лента, средината на вториот слој треба да биде точно над спојот на првиот слој.

АТЕСТИРАЊЕ
Производот е атестиран од овластена институција.

СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Се складира и транспортира во исправена положба во покриена просторија или возило.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани