Бимизол

Бикутоп
СВОЈСТВА
• Еднокомпонентен хомоген премаз во вид на паста на база на битумен, полимер, растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка без претходно растворување или загревање.
• се одликува со голема атхезивност и добра обработливост;
• нанесениот и исушен слој е еластичен и отпорен во широк температурен интервал (висока точка на размекнување, не пука на ниски температури, голема еластичност, отпорен на оптоварување);
• поседува добра приспособливост за бетон, лим, опека, битуменска изолација и сл.;
• овозможува изведување на монолитна изолација.

ПРИМЕНА
Добрите особини на Бимизолот му овозможуваат широк спектар на примена и тоа:
• хидроизолација на рамни покриви, особено при разрешување на осетливи детали (продори, сливници, атика, кровни завршетоци);
• хидроизолација на влажни јазли (бањи, перални, изолација на надворешни ѕидови, подови во подземни простории и сл.);
• антикорозивна заштита на нови лимени површини, вкопани резервоари, санација на стари лимени покриви и сл.;
• во нискоградбата при обработка на тунели, хидроизолација на резервоари, каптажи и сл.;
• лесна и брза санација и репарација на стари и пропаднати изолации.

ВГРАДУВАЊЕ
Се нанесува на сува, чиста, обеспрашена и рамна површина. Прво бетонската подлога се премачкува со прајмер-пенетрат Битулит - Б-1 или Б-2. На исушениот пенетрат се нанесува БИМИЗОЛ, со челична глетарка во количина од 2 - 3 кг/м2, се зајакнува со стаклена мрежа, а по 24 часа се нанесува вториот слој БИМИЗОЛ.
Ваквиот систем на хидроизолација е адекватен на две хидроизолациски ленти.
Го препорачуваме како завршен слој задолжително премачкан со рефлектирачки слој.
Кај проодни површини, заштитата се врши со соодветна механичка заштита. На стара битуменска изолација (ако има подигнување) се сече тој дел накрсно, се завртуваат краиштата, се премачкуваат со Бимизол и се лепат, а старата лимена површина прво се пескари, по потреба се крпи и се премачкува со Битулит - Б-1. Се применува истата постапка како и во претходниот случај.

АТЕСТИРАЊЕ
Производот е атестиран од овластена институција.

ХТЗ МЕРКИ
Неопходна е примена на сите мерки и прописи за работа со запаливи материјали. Да се чува подалеку од извор на топлина и отворен пламен, а по употреба амбалажата добро да се затвори.

СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Хидроизолациските ленти се пакуваат во ролни, а се складира и транспортира во исправена положба и во покриена просторија или возило.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани