Бикутоп

Бикутоп
СВОЈСТВА
Бикутоп е хидроизолациска лента обложена од двете страни со високо квалитетна битуменска маса, произведена од специјален битумен, обогатен со еластомери на база посебно избрани каучуци и квалитетни минерални полнила. Како влошка се користи стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц. Бикутоп лентата е непосипана или посипана со ситен посип или со посип во боја. Се произведува во дебелина од 2,6 до 4,0 милиметри.

ПРИМЕНА
Бикутопот се употребува за изведување на сите видови подземни и надземни хидроизолации, изолација на темели, покриви, тераси, мостови, тунели, базени и слично. Со БИКУТОПОТ може да се изведуваат секакви видови системи на хидроизолација на секакви подлоги (бетон, челик, дрво и др.). Во системот на хидроизолацијата може да се комбинира и со други видови хидроизолациски материјали.

ВГРАДУВАЊЕ
Бикутопот е висококвалитетна хидроизолациска лента, квалитетна хидроизолација, се добива со стручно и правилно вградување кое поднесува големи дилетирања на објектот, издржлив е на притисок од подземни води, има голем дифузен отпор, погоден е при вградувањето и ја зафаќа положбата на подлогата. Се вградува со врела битуменска маса, бикумаса или со заварување со пропан бутан. Хидроизолацијата од два слоја со БИКУТОП заменува конвенционална изолација од 5 слоја.

АТЕСТИРАЊЕ
Производот е атестиран од овластена институција.

СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Хидроизолациските ленти се пакуваат во ролни, а се складира и транспортира во исправена положба и во покриена просторија или возило.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани