Полибим

Бикутоп
СВОЈСТВА
Полимерски модифицирани патни битумени за патишта на иднината Со развојот на патниот сообраќај, како од аспект на зголемениот обем така и од аспект на нови типови на превозни средства со големи капацитети и специфичните климатски услови со екстремно високи и ниски температури, Секторот за развој со својата лабораторија во БИМ, а во соработка со лабораториите при градежните фирми и консултации со компанијата SHELL CHEMICALS EUROPE од Амстердам ги произведе полимерски модифицираните патни битумени ПОЛИБИМ на база SBS каучук.
Асфалтните смеси изработени со ПОЛИБИМ битумените во споредба со смесите со класични стандардни битумени се карактеризираат со:
• извонредна еластичност,
• отпорност на негативните ефекти на екстремните, ниски и високи температури,
• голема отпорност на појава на пластични деформации и пукнатини,
• висока атхезија со камениот агрегат,
• поголема отпорност на оптоварување и стареење,
• зголемен век на траење,
• поголема економичност (поради поголемата трајност и намалените трошоци на одржување).

ПРИМЕНА
Основната примена на ПОЛИБИМ битумените е како висококвалитетно врзиво за изработка на асфалтни смеси од типот на:
• класично густо проектирани асфалтни смеси по топла постапка,
• специјални дисконтинуални асфалтни смеси за завршните слоеви како сплит мастикс асфалти и дренирачки асфалтни бетони,
• асфалтни смеси изработени по студена постапка,
• површинска обработка,
• специјални меѓуслојни третмани за амортизација при надградби и санација на стари испукани коловозни површини (SAMY - слоеви),
• автопатишта и патишта со многу тешко сообраќајно оптоварување (ленти за бавни возила, делници со стрмни наклони, наплатни рампи и слично),
• градски сообраќајници со интензивен сообраќај, автобуски постројки, раскрсници, површини пред семафори и сл.,
• аеродроми (полетно-слетни патеки, возни патеки и постојки),
• завршен асфалт - бетонски слоеви и хидроизолации на мостови.

 
© Еуроактива 2008. Сите права задржани