SIDEFIT АРМАТУРНАТА МРЕЖА ЗА БЕТОН ги задоволува сите арматурни карактеристики кои се бараат во техниката и градежништвото. Се употребува главно како арматура за површински структури (плочи, ѕидови, и т.н.), но се употребува и за посебни потреби за напречно армирање на надолжни конструктивни елементи (колони, греди и т.н.), кои не се покриени со стандардните SD арматурни мрежи за колони.
Во зависност од видот на главната арматура, дали е во една или две насоки, SIDEFIT арматурата е поделена на две категории:
Кај SIDEFIT 1D мрежите главната арматура е подредена во еден правец, а во другиот правец се подредени мало-дијаметарски шипки (Ø6) од заварени жичани прачки SAE 1010. Бројот на шипките (Ø6) е минималниот број потребен да се осигура кохезијата на мрежата и нивната положба може да варира во зависност од употребата (на пр. извиткани точки, висечки краеви, “водачи” за формирање на мрежата, и т.н.). Материјалот од кој се составени овозможува лесно сечење, доколку е потребно. SIDEFIT 1D Специјално армирана мрежа може да се произведе со употреба на машини за заварување, со цел да се постигнат различни форми (на пр. Комплексни колони) или куки. Арматурата може да се користи за сите случаи на напречно армирање на надолжни конструктивни елементи (сите видови греди, колони, ѕидови и т.н.), како и за плочи ѕидови и т.н.
ПРЕДНОСТИ • Заштеда на средства, како резултат на лесната монтажа. Во случајот на решетките, избегнато е преклопување, бидејќи постои едно, независно армирање во секој правец. • Лесно за монтажа, како резултат на лесната маса по m2 и прецизноста во потребните димензии. • Можат да се употребуваат за различни видови носечки структури (линеарни, површински) и типови на армирање (решетки, носечки јазли, и т.н.) • Голем избор на димензии и до 12.0m во должина и 3.6m во ширина.
Во SIDEFIT 2D мрежните површини главната арматура е заварувана во двете насоки на мрежата (Ø8- Ø25 во еден правец и Ø8-Ø16 во другиот правец). SIDEFIT 2D Специјалната арматурна мрежа може да се употребува за сите видови арматурни решетки за сите површински структури со употреба на само една мрежна површина. Постои можност и за креаирање на сложени форми, во зависност од масата на површината.
Одбирањето на позицијата и бројот на шипки потребни за армирање на структурата е направено строго за потребите на дизајнот.
ПРЕДНОСТИ • Заштеда на средства, како резултат на минимизирање ма времето за монтажа и малиот број на површини кои се употребуваат, без потреба за врзување. • Исклучителна тврдост на решетката due како резултат на монолитната структура и посебната технологија на заварување. • Високо ниво на индустријализација, со минимално човечко учество.